Сушел облека дома – Кога отишол на лекар, уследил шок

Од:

43-годишник веќе година дена не суши облека во затворен простор. И препорака на експертите е таквото сушење да се избегнува бидејќи може да доведе до сериозни проблеми.

Крег Матер од Болтон тврди дека благодарение на сушењето облека дома заработил инфекција на белите дробови. Претрпел, како што тврди, сериозни проблеми на белите дробови, поради мувла која настанала со сушење на облека на радиjатор во соба.

– Почнав да се опоравувам дури кога ми беше дијагностицирана хронична белодробна аспергилоза и ми беа препишани специјални лекови за борба против габичната инфекција, раскажал таткото на три деца.

Докторот му рекол дека неговите проблеми би можеле да станат уште поголеми и посериозни, па поради тоа, во изминатите 12 месеиц тој престанал да ги суши алиштата дома. Оттогаш забележал голем напредок во подобрувањето на неговото здравје.

Неговото искуство е едно од многуте кои ги истакнуваат докторите, кои предупредуваат дека сушењето во затворен простор може да претставува сериозен ризик за здравјето.

Имено, облеката поставена на сушалки за алишта или радијатори, може да ја зголеми висината на влагата во домот и до 30% и да создаде идеални услови за развој на габи.

– Една тура од испрана облека содржи речиси два литри вода која е пуштена во собата. Повеќето од нас се имуни на габите кои се создаваат во тие влажни услови или телото може да се бори со зарази. Сепак, кај болните од астма можат да се појават проблеми со кашлање и отежнато дишење, а кај луѓето кај кои е ослабнат имунолошкиот систем, како болните од рак, на пример, кои се лечат со хемотерапија, габите можат да предизвикаат белодробна аспергилоза кај нив. Станува збор за состојба која може да биде неизлечива, а понекогаш може да дојде и до фатално оштетување на белите дробови, објаснува професор Дејвид Денинг, кој советува облеката да се суши надвор, во сушалка или во затворен простор со добра вентилација – што подалеку од спалната и дневната соба.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство