Невообичаено долгиот период без дождови, што погоди поголем број подрачја во југоисточна Азија, се заканува да го загрози и снабдувањето со вода за пиење во поголемите градови во Малезија и на Филипините.
Во Манила, метеоролшко-хидролошката агенција денеска соопшти дека нивото на водата во акумулацијата Ангат, од каде доаѓа 97 посто од вкупната вода за пиење на главниот град на Филипините, веќе е еден метар под критичното ниво.
Нивото на акумулацијата Ангат сега е опаднато на 180 метра. Сепак, тоа е ниво значајно поголемо од она што е забележано пред четири години кога, поради неповолниот ефект на ураганот „Ел Нињо’’ нивото паднало под 160 метри.