Супертајфунот Нору се движи кон Филипините

Од:

Се евакуира населението од филипинскиот остров Лузон поради приближување на тајфунот Нору.

Тајфунот е придружен со ветрови со брзина од 185 километри на час.

Според филипинската Национална метеоролошка служба, тајфунот Нору денеска ќе ја погоди областа на околу 80 километри североисточно од главниот град Манила.

Метеоролозите истакнаа дека брзината на ветрот што ја придружува Нору се зголемила за 90 километри на час за само 24 часа. Тие исто така предвидуваат дека брзината на ветрот може да достигне 205 километри на час кога супертајфунот ќе стигне на копно.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами

Еруптира вулкан на Филипините: Училиштата затворени, издадено предупредување за авиони