Десетици илјади луѓе останаа без струја во Тајван по налетот на супертајфунот Меранти.
Бурата од петта категорија се смета за најсилна во светот досега во оваа година и таа беше проследена со ветрови со брзина од 216 километри на час.
Поради тајфунот училиштата беа затворени, летовите откажани, а институциите во земјата денеска нема да работат.
Се очекува супертајфунот да предизика поројни дождови и поплави. Неколку градови во источниот и јужниот дел на земјата се под закана од природната непогода, меѓу нив и Каосјон и Хуалиен.
Од Тајван Меранти ќе се насочи кон Кина, каде утре е предвидено дека ќе го погоди копното на провинциите Гуандун и Фуџијан.