Жителите на Балканот, како и другите делови на светот, вечерва можеа да уживаат во неверојатната сцена која може да се види само неколкупати во текот на годината.
Денес, полната Месечина беше најблиска до Земјата, феномен познат како Супермесечина.
The super snow moon photographed from Santa Ana, CA photo by Leonard Ortiz/ Orange County Register/SCNG #ocregister #SuperMoon #SnowMoon #fullmoon pic.twitter.com/ndmAabpdZM
— Leonard Ortiz (@LOrtizPhoto_OCR) February 19, 2019
Станува збор за феномен кога Месечината се приближува до планетата Земја на растојание од помалку од 360.000 километри.
Бидејќи орбитата на Месечината е со елиптична форма, Месечината може да биде најблиска (перигеј) и најдолга (апогеј) неколкупати во текот на годината.
Во оние случаи кога е блиску до нас таа добива неверојатен сјај и нејзиниот дијаметар на небото е привидно поголем. Во овој период исто така доаѓа до интензивна плима и осека.
One pine looking Supermoon! The Super Snow Moon, largest full moon of 2019 setting behind the pine trees near Arapahoe Basin this morning! @9NEWS @9NEWSWeather pic.twitter.com/2o4G51Ba8g
— Matt Renoux (@MattRenoux) February 19, 2019