За најважниот спортски настан во САД, финалето на Националната фудбалска лига (НФЛ) – „Супер боул“, цените на билетите во пресрет на натпреварот кој се одржа синоќа пораснаа до 60 илјади долари за билет.
Њу Инглад Патриотс играа против аутсајдерите Лос Анџелес Рамс со најмладиот тренер во лигата, Шон Меквеј, кој има 33 години. Патриотс на крајот забележаа победа од 10:3.
Ова беше нивни трет настап по ред во финалето на НФЛ и шеста титула под водство на тренерот Бил Беличик и квортербекот Том Брејди.
Натпреварот се одржа во новиот стадион „Мерцедес-бенз“ во Атланта и неколку денови пред настанот поединечни билети се продаваа и за максимални 60 илјади долари.
Цените сепак се на препродавачи од вторичниот пазар. Приватна „вип“ ложа за шесторица во обична продажба, пример, чинела над 60 илјади долари
Годинава просечната цена на билетите достигна нешто повеќе од шест илјади долари, додека најниско оценетиот билет се купуваше за 2.716 долари.
Според агрегаторот за препродажба на билети „ТикетАјКју“ кој ги следи онлајн продажбите на билети за сите важни спортски настани во САД, годинешниот „Супер боул“ стана најскапиот спортски настан во САД досега.
Се проценува дека НФЛ финалето го следеле околу 100 милиони гладачи од САД и низ целиот свет.