Сунак: Заврши „златната ера“ во односите со Кина

Од:

Британскиот премиер, Риши Сунак, изјави дека е завршена т.н. „златна ера“ во односите со Кина, објави денеска „Би-Би-Си“.

Во своето прво надворешнополитичко обраќање Сунак оцени дека блиските економски врски меѓу Велика Британија и Кина од претходната деценија биле наивни.

Според него, Обединетото кралство треба да го замени желбите со цврст прагматизам кон своите конкуренти, нагласувајќи дека не може да се игнорира глобалното значење на Кина.

Премиерот се соочи со притисок од ториевците да го заостри британскиот став кон Кина откако минатиот месец ја презеде челната функција во Конзервативната партија и британски премиер.

Говорот на Сунак на банкетот на градоначалникот во Лондон доаѓа во мигови кога низ Кина викендот беа одржани серија протести против националната стратегија на нулта-толеранција за коронавирусот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

Кина воведува царини за Канада

Шаје: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна