Сунак ја реконструираше Владата и воведе четири нови министерства

Од:

Британскиот премиер Риши Сунак денеска ја реконструираше Владата и воведе четири нови министерства.

Сунак го формираше Министерството за енергетска безбедност, потоа Министерството за наука, иновации и технологија, раздвојувајќи го големото министерство, за тоа да му помогне, како што рече, да ги постигне своите планови за преполовување на инфлацијата и обезбедување економски раст.

Сунак го назначи Грант Шапс за нов министер за енергетска безбедност, а Кеми Баденоч за министер за бизнис и трговија.

Мишел Донелан е новиот министер за наука, иновации и технологија, додека Луси Фрејзер е министер за култура, медиуми и спорт.

Сунак го назначи Грег Хендс за нов претседател на Конзервативната партија, откако го собори Надим Захави од функцијата, бидејќи со резултатите од истрагата е утврдено дека задоцнил со пријавување данок во вредност од 4,8 милиони фунти.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година