Султанот од Брунеи ќе го спасува Субрата Рој

Од:

Султанот од Брунеи е најсериозниот кандидат да ги купи хотелите на Субрата Рој, пишуваат британските медиуми. Султанот на островската земја во југоисточна Азија, Хасанал Болкиах понудил 2,2 милијарди долари за хотелите „Плаза“ во Њујорк и за „Гросвенор хаус“ во главниот град на Велика Британија.

Овој суров диктатор е познат по законите коишто ги донесе неговата земја и кои предвидуваат каменување до смрт за хомосексуалците и за прељубниците, поради што многу организации од САД и од Европа повикуваат да се бојкотираат неговите хотели низ целиот свет.

Индискиот суд минатата недела му даде 15 дена на Сурбата Рој да ги финализира продажбите преку кои треба да собере пари и да ја плати сумата која му ја побарува тамошната Комисија за хартии од вредност и да излезе од притвор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Споменикот на Мајка Тереза на плоштад ќе биде украсен со милосрдни сестри, ангели и декоративни венци

Ана Ололовска

Синот на Субрата Рој, Сушанто, пред суд за неплатен долг

Ана Ололовска

Синот на Субрата Рој на списокот на спорни гласачи

Емир Латифовиќ

Тимотеј за А1он: Дали е за Субрата или за некој друг „Субрата“, Црквата не е заинтересирана за отуѓување на имотот

Ана Ололовска

Сахара Индија Паривар: Остануваме посветени, Македонија е главниот фокус за нашите бизниси

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот со Сахара груп, нема штета по државата

Емир Латифовиќ