Судот во САД ќе донесе пресуда за Менинг

Од:

Судот во САД денес треба да ја донесе пресудата на американскиот војник Бреди Менинг, кој е обвинет за предавство, односно доставување на доверливи податоци на „Викиликс“.

На дваесет и петгодишниот Менинг му е судено за злосторство под 21 точка, од кои најсериозната „помагање на непријателот“ може да му донесе доживотна затворска казна. Воениот обвинител мајорот Ешден Фејн во завршниот збор на судењето на Менинг рекол дека тој е еден „неодговорен, себичен предавник“ кој знаел дека непријателот на САД ќе дојде до документите.

-Тој има дадено заклетва дека ќе ги чува доверливите информации, но ја злоупотреби довербата која што ја имаше – изјави Фејн.

Медиумите оценуваат дека исходот од пресудата на Менинг би можел да влијае врз кривичниот процес против Едвард Сноуден, доколку биде испорачан на САД.

Eлена Георгиевска

Би можело да ве интересира

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа

(ВИДЕО) Доаѓа „Дијабло“, издадени се црвени предупредувања

Горан Наумовски

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

САД со ултиматум до Израел: Да се подобри хуманитарната ситуација во Газа

Авионска несреќа во САД, загина пилот, еден патник е повреден

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ