Судот нареди итна забрана за контролата на Маск врз американските платежни системи

Од:

Американски федерален судија денеска издаде итен налог за блокирање на контролата на платниот систем на американското Министерство за финансии, што беше добиено од Комисијата за владина ефикасност (DOGE) предводена од Илон Маск.

Во наредбата, судијата Пол А. Енгелмаер го забрани пристапот до податоците складирани во Министерството за финансии на САД од страна на „сите политички назначени лица“, „сите владини специјални агенти“ и „сите владини службеници надвор од Министерството за финансии“.

Во привремената наредба, која е во сила до сослушувањето закажано за 14 февруари, се наведува и дека секој што има пристап до податоците од архивите на Министерството за финансии од инаугурацијата на Доналд Трамп на 20 јануари, мора „веднаш да ги уништи сите копии од преземениот материјал“.

Соработниците на Илон Маск, кого Трамп го назначи за шеф на DOGE, ја презедоа контролата врз платниот систем на американското Министерство за финансии пред неколку дена, потег што избраните демократи го осудија како „исклучително опасен“.

„Единствениот начин да се запре измамата и трошењето пари од даночните обврзници е да се следат тековите на плаќањата и да се паузираат сомнителните трансакции за преглед“, се правдаше тогаш Маск, шефот на Tesla и SpaceX во пораката што ја објави на сопствената социјална мрежа X.

Би можело да ве интересира

Пентагон е „нападнат“ од Илон Маск: Трамп му даде одврзани раце

Горан Наумовски

ВИДЕО: „Криминалци“ и „радикални левичарски лудаци“ велат Маск и Трамп за УСАИД, демократите на протест

Маск: УСАИД е криминална организација, време е таа да умре

А1он

Маск започнa пресметка со невладините организации, прв на листата НЕД

А1он

Драма во вселената: „Заглавената“ астронаутка заборави да оди

А1он

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски