Судот на Ватикан ослободи свештеник обвинет за сексуално вознемирување

Од:

Највисокиот суд на Ватикан го ослободи свештеникот Херман Гајслер од обвинувањата за сексуално вознемирување,

Во денеска објавеното соопштение од Ватикан се наведува дека панел од пет члена на ватиканскиот Суд пред два дена објавил декрет со кој Гајслер се ослободува од обвинението дека сексуално вознемирувал една благородна сестра за време на исповед. Судот пресудата ја образложи со тоа дека обвинението не било докажано со „апсолутна морална сигурност“.

Гајслер поднесе оставка во ватиканската Конгрегација за учење на верата во јануари, откако поранешната благородна сестра Дорис Вагнер го обвини за сексуално вознемирување за време на исповед. Според црквениот законик, барањето сексуални односи за време на исповед е тешко дело, со оглед на ранливата состојба во која се наоѓа покајникот.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Куба почна да ослободува затвореници како дел од преговорите со Ватикан

Горан Наумовски

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата