Судот на ЕУ ги потврди санкциите против зетот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Од:

Судот на правдата на Европската унија во Луксембург денеска донесе одлука да не ги укине санкциите против Александар Винокуров, кој е во брак со ќерката на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Со денешната пресуда, објавена на веб-страницата на судот, се отфрли жалбата на Винокуров, со која се бараше судиите да го признаат неговото барање за укинување на санкциите како основано и да ја прогласат одлуката на Советот на ЕУ за воведување рестриктивни мерки против него за дејствија што го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина се ништовни и неприфатливи.

Тој, исто така, побара судот да му наложи на Советот на ЕУ да ги плати сите трошоци поврзани со разгледување на барањето.

Би можело да ве интересира

Лавров: Зеленски стана нацист, а Европа сака борбите да продолжат

Лавров: Русија ќе бара безусловно укинување на сите санкции за Сирија

Лавров: Раселувањето на Палестинците само ќе активира темпирана бомба

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот

Лавров: САД почнуваат подобро да ја разбираат позицијата на Русија