Судири за британските знамиња во Белфаст

Од:

Лидерите на Северна Ирска и полициските командири повикаа во четврток за мир, откако протестантските екстремисти ги нападнаа канцелариите и куќите на припадниците на тамошните најумерени политички партии, поради поддршка на одлуката за намалување на бројот на денови во годината кога британското знаме ќе може да се виори на зградата на градското собрание .

Тврдокорните британски екстремисти реагираа во ноќта меѓу средата и четвртокот насилно на гласањето во понеделникот во градското собрание во Белфаст, кога беше одлучено британските знамиња да бидат истакнати во јавните институции само 18 дена во годината.

На тоа придонесе и Алијансата, единствената партија која активно се обидува да претставува средина помеѓу ривалските британски протестанти и ирската католичка заедница, приклучувајќи се при гласањето кон Католичката страна.

Неколку стотици демонстранти ја скршија вратата на Градското собрание и повредија 15 полицајци кои ја штитеа зградата. Пред тоа, повеќе од 1.500 демонстранти протестанти, маршираа низ два кварта на Белфаст, барајќи британското знаме да продолжи да се виори во текот на целата година на зградата на собранието.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство