Судири меѓу Слободната сириска армија и курдски милиции јужно од Џараблус

Од:

Борци од вооружените групи кои, со помош на турските војници, го зазедоа сирискиот град Џараблус, нападнаа денеска позиции на курдските сили во северниот дел на Сирија, соопшти телевизијата „Ал Арабија”, пренесува ТАСС.

Според овој извор, формации од Слободната сириска армија се обидуваат да ги протераат курдските борци од селото Амарна, на 8 километри јужно од Џараблус.

Командата на вооружената сириска опозиција објави план за создавање на „зона за безбедност” на границата меѓу Сирија и Турција, соопшти телевизијата „Ал Џезира”.

Се планира зоната да биде долга 70 километри по должината на границата и широка 20 километри. „Ал Џезира” истакнува дека создавањето на зона за безбедност ќе помогне на турската воена операција „Ефратски штит” во реонот на Џараблус.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хезболах ја „проби“ железната купола во близина на Тел Авив: Цел биле штабовите на Мосад

Шефот на тајната иранска служба бил израелски шпион

Предраг Петровиќ

Путин оди на се или ништо: руската армија станува втора по големина во светот

Израелската армија ги објави првите снимки од инвазијата во Либан, префрлена елитната дивизија од Газа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Подигнато руско знаме во Угледар

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска