Судири меѓу полицијата и демонстранти во Дака

Од:

Судири меѓу полицијата и стотици илјади демонстранти избувнаа денеска во главниот град на Бангладеш, Дака.

Причина за протестите е уривањето на повеќекатницата во предградие на Дака, при што загинаа најмалку 290 луѓе.

Полицијата мораше да употреби гумени куршуми и солзавец за да ги растера демонстрантите, кои напаѓаа фабрики во главниот град, превртуваа паркирани автомобили, палеа автомобилски гуми и се обидо да запалат неколку продавници.

Демонстрантите бараат апсење на сопствениците на петте текстилни фабрики, кои се наоѓале во урнатата зграда, како и на сопствениците на целиот објект.

Оваа трагедија е најголема досега во земјата и повторно ја отвори полемиката во врска со условите за работа во текстилната индустрија.

Би можело да ве интересира

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници