Судири меѓу иранските безбедносни сили и демонстрантите кои одбележаа 40 дена од смртта на Махса Амини

Од:

Иранските безбедносни сили отворија оган и фрлаа солзавец врз демонстрантите во Сакез, родниот град на Махса Амини, каде денеска се собраа илјадници луѓе за да одбележат 40 дена од нејзината смрт, соопшти групата за заштита на човекови права Хенгав. Демонстрантите извикуваа пароли како „Жени, живот, слобода“ и „Смрт за диктаторот“.

„Безбедносните сили пукаа со солзавец и отворија оган врз луѓето на плоштадот Зиндан, во градот Сакез“, објави на Твитер Хенгав, група со седиште во Норвешка која го следи кршењето на правата во Курдистан.

По немирите, иранските власти го прекинаа интернетот во Сакез.

Протести се одржуваат и на Универзитетот во Техеран и други академски институции во земјата, објави Гардијан.

Иранската полиција и безбедносните сили распоредија силни сили во Сакез, родниот град на Махсе Амина, но и во Техеран, Табриз и Рашт.

Активистите повикаа на демонстрации за одбележување на 40-годишнината од смртта на девојката која почина на 16 септември во истражниот затвор на иранската морална полиција, каде што беше затворена бидејќи шамијата ја носела несоодветно.

Смртта на Махса Амини предизвика масовни протести низ целата земја, а иранската полиција одговори со употреба на сила.Организациите за човекови права велат дека најмалку 250 демонстранти се убиени, а илјадници се уапсени, додека државната телевизија информира за 30 загинати припадници на безбедносни сили.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Иран го чека тајното писмо од Трамп

„Њујорк Тајмс“: Трамп ја загрозува целта да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма

Иран: Ќе размислиме за разговори со САД освен ако тие не сакаат да ја уништат нашата нуклеарна програма

Иранскиот врховен лидер остро му одговори на Трамп

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди Иран

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски