Судир во Вашингтон во пресрет на денешната инаугурација на Доналд Трамп

Од:

Стотици демонстранти во Вашингтон се судрија со симпатизерите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, ноќта во пресрет на неговата инаугурација, јавуваат американските медиуми.

Демонстрантите се собраа пред Националниот Прес клуб, каде се одржуваше балот на приврзаниците на Трамп, под назив „DeploraBall“.

Називот на собирот, во суштина, е игра на зборови по повод една забелешка на Хилари Клинтон во текот на претседателската кампања, кога приврзаниците на Трамп ги нарече „шака јад“ (basket оf deplorables”).

Демонстрантите гласно негодуваа секој пат кога некој, во одело, сако или фустан, ќе влезеше или излезеше од балот.

Тие гаѓаа едно лице кое им мафташе со знаменце за поддршка на Трамп, и го избркаа до блискиот Варнер Театар.

Тие таму наидоа на водителите на телевизијата „Фокс њуз“, Шон Хенити и Хералдо Ривера, кои чекаа да влезат на друг настан.

Хенити на провокаторите им возврати со крената тупаница, додека Ривера со насмевка влезе во театарот, наведуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Трамп рече дека „најверојатно“ ќе се сретне со Зеленски

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски

Паника во Америка: Изборните службеници добиле сомнителни пакети, случајот го истражува ФБИ

ВИДЕО: Атентаторот на Трамп 12 часа се криел во грмушки пред да биде откриен

Хутите соборија уште еден американски дрон MQ-9 Reaper, десетти од почетокот на војната во Газа

Трамп: Пукаа во моја близина, никогаш нема да се предадам