Судир меѓу полицијата и демонстрантите пред стадион во Бразил

Од:

Бразилската полиција употреби солзавец за да ги спречи демонстрантите да се приближат до стадионот, каде Бразил и Уругвај синоќа играа натпревар во рамки на Купот на федерациите.

Околу 50 илјади демонстранти се упатија кон стадионот во Бело Хоризонте. Повеќето од нив не се приближуваа до полицискиот кордон, но неколкумина тргнаа напред, поради што полицијата употреби солзавец.

Демонстраните останаа со истите барања, кои ги изнесуваат од почетокот на протестот – повеќе средства за образованието и здравството и пресметка со корупцијата.

brazilviolent-demonstrators1

Тие исто така протестираат поради големите трошоци за Светското фудбалско првенство – 2014, чија увертира е Купот на конфедерации.

Во главниот град Бразилија, активистите за борба против социјалната нееднаквост поставија 594 топки пред зградата на Парламентот, за да покажат дека „топката е на теренот на Конгресот за да ги усвои реформите, кои ги бараат демонстрантите“.

Претседателката на Бразил Дилма Русеф во понеделникот предложи референдум за политички реформи, кои би можел да се одржи на 7 септември.

Бразилците, кои на почетокот на јуни излегоа на улиците поради зголемувањето на цените на превозот, сега бараат подобро здравство, образование, помали даноци и протестираат поради големите трошоци за организирање на Светското првенство во фудбал и корупцијата.

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски