Судијка ја прошири забраната за уредбата Трамп за гласање по пошта на цела САД

Од:

Федерална судијка ја прошири на целата територија на САД забраната за примена на извршната наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, со која се воведуваат построги правила за постапување со гласачките ливчиња испратени по пошта.

Одлуката во вторникот ја донесе Индира Талвани, судијка на Федералниот окружен суд во Масачусетс, која пресуди во корист на тужителите, меѓу кои е и Лигата на гласачи на Масачусетс.

Со најновата одлука, Талвани ја прошири забраната што ја изрече во јуни и која тогаш важеше за 23 сојузни држави и Дистриктот Колумбија.

Трамп на 31 март ја потпиша Извршната наредба 14399, насловена „Обезбедување проверка на државјанството и интегритетот на федералните избори“.

Со наредбата, од Американската пошта (USPS) се бара да воведе построги услови за испраќање на гласачките ливчиња по пошта.

Меѓу другото, поштенската служба би можела да одбие да ги испрати гласачките ливчиња доколку податоците за примачот не се совпаѓаат со официјалните избирачки списоци или доколку не се исполнети други нови критериуми.

Во меѓувреме, Врховниот суд сè уште го разгледува барањето на администрацијата на Трамп за укинување на претходната, делумна забрана што ја донесе судијката Талвани во јуни.

Судскиот спор се одвива само неколку месеци пред конгресните избори во ноември, на кои Американците ќе одлучуваат за составот на Конгресот и за тоа која партија ќе ја има мнозинската контрола во Претставничкиот дом и Сенатот.

Би можело да ве интересира

Трамп нуди поволности за Москва во мировниот договор за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп веќе отворено ја брани Русија, Зеленски вели загубил територија и океани

Трамп сака свој океан, но „Гугл“ го одби барањето

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски

Трамп ги укина санкциите и царините кон Русија

Портпаролката на Трамп призна дека паднала на правосудниот испит