Судија од државата Вирџинија издаде нова наредба против имиграцискиот указ на Трамп

Од:

Федерален судија од државата Вирџинија издаде нова наредба против имиграцискиот указ на американскиот претседател Доналд Трамп, што претставува уште еден, последен правен неуспех за неговата Влада, пренесоа британските медиуми.

Одлуката на окружниот судија Леони Бринкема е на барање на државата Вирџинија.

Бринкема посочи дека американското Министерство за правда не претставило „никакви докази“ што јасно ќе посочат дека издадената наредба против указот, побарана од државата Вирџинија, е неоснована.

Одлуката, меѓутоа, не се однесува за сите засегнати групи на лица од указот, туку само за имателите на визи. Таа, исто така, нема да има и никаков правен ефект врз указот, бидејќи неговото исполнување и онака беше запрено по одлуката на федералниот судија Џејмс Робарт од Сиетл.

Мексиканскиот министер за надворешни работи, Луис Видегарај, изјави дека неговата земја не забележува зголемување на депортациите од САД и покрај информациите за акции на американските имиграциски власти во неколку држави, меѓу кои Џорџија, Северна Каролина и Јужна Каролина, како и во градовите Њујорк, Атланта, Чикаго и Сан Антонио. Во акциите се уапсени над 680 лица, од кои над 100 се Мексиканци.

Би можело да ве интересира

Келог: Не можам да гарантирам продолжување на помошта за Украина, ќе одлучи Трамп

Трамп планира да депортира 240.000 Украинци

Маск и Трамп отпуштаат 80.000 вработени во министерството за ветерани

Блиски соработници на Трамп тајно се среќаваат со ривалите на Зеленски

Катерина Ѓуровски

Трамп му се закани на Хамас

(ВИДЕО) Клучен самит на ЕУ лидерите: Подготвени сме на кошмарно сценарио