Судењето на принцот Ендрју за сексуално злоставување малолетничка почнува следната година

Од:

Американскиот окружен судија Луис Каплан денеска изјави дека британскиот принц Ендрју треба следната година да биде подготвен за судската постапка по обвинението дека сексуално ја злоставувал Вирџинија Џуфри, во период кога таа имала помалку од 18 години и кога, како што тврди, била злоставувана од сега починатиот бизнисмен Џефри Епштајн.

Каплан очекува судењето по граѓанската тужба на Џуфри да почне во периодот од септември до декември следната година, под услов да се обезбеди безбедност на поротата во текот на пандемијата на коронавирусот.

-Ќе гледам тоа да биде во септември, но во секој случај целта е судењето да биде во периодот од октомври до декември, рече Каплан на телефонска конференција со адвокатите на принцот Ендрју и Џуфри.

Џуфри (38) во август го тужеше принцот Ендрју за „неутврдена штета“.

Таа тврди дека принцот Ендрју ја принудил на секс во Лондон во куќата на Гислен Максвел, долгогодишен соработник на Епштајн, и ја малтретирал во вилата на Епштајн на Менхетен и на еден од приватните острови на Епштајн на Американските Девствени Острови.

Принцот Ендрју (61) ги негираше обвинувањата на Џуфри и го повика судијата Каплан да ја отфрли тужбата.

Епштајн изврши самоубиство во август 2019 година во затворот во Менхетен, додека го чекаше судењето за обвинение за сексуална експлоатација.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот