Суд во САД ги одби барањата за прекин на тужбите против Ријад за нападите од 11 септември

Од:

Федералниот јужен суд во американската сојузна држава Њујорк го отфрли барањето на Саудиска Арабија да бидат прекинати тужбите против неа покренати од семејства на загинати во нападите во САД на 11 септември 2001 година, во кои се тврди дека Ријад им помагал на напаѓачите од Ал Каеда и затоа треба да плати милијарди долари отштети на жртвите.

Жалбите против тужбите ги поднеле претставници на саудиските власти, на неколку саудиски банки, градежни компании и хуманитарна организација. Саудијците тврдат дека адвокатите во процесот се вон јурисдикција на судот во Њујорк. Тужбите кон Ријад и против некои саудиски организации ги поднесоа роднини на загинати во терористичките напади, осигурителни компании и други американски фирми.

Судот утврди дека истрагата против саудиските власти може да продолжи, но се согласи да ги отфрли тужбите против една саудиска градежна компанија, која била под контрола на семејството на Бин Ладен, против една хуманитарна организација и против две банки од арапското кралство, со аргумент, дека тие структури са вон јурисдикцијата на судот.

Во септември 2016 година тогашниот американски претседател Барак Обама стави вето на законот кој им овозможува на семејствата на жртвите на терористичките напади од 11 септември 2001 да ја тужат Саудиска Арабија, изјавувајќи дека законот би им наштетил на интересите на американската безбедност.

Неколку дена подоцна, американскиот Конгрес, за првпат, го поништи ветото на Обама и го поддржа законот кој им овозможува на преживеаните и семејствата на жртвите на терористичките напади во Њујорк да ја тужат Саудиска Арабија и да бараат отштета.

Би можело да ве интересира

Американската војска започна депортација на мигранти, два авиони ги превезуваат првите групи во Гватемала

Предраг Петровиќ

Во САД се одржа голем митинг против абортусот, а зборуваше и новиот потпретседател: „Сакам што повеќе бебиња во земјата“

А1он

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

„Економист“: САД се најголемата сила во светот, но Трамп не може да војува со сите

Четиричлено семејство загина во пожар во станбен комплекс во Канзас Сити

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање