Висечки мост во канадската провинција Онтарио, кој е дел од главниот автопат, е затворен за сообраќај поради механички проблеми предизвикани од студот, јави телевизијата Си-Би-Си.
Со затворање на мостот над реката Напигон, прекината е главната сообраќајна врска меѓу источна и западна Канада.
Тепературите во овој регион паднаа под минус 30 степени Целзиусови.
Канадската полиција соопшти дека не може да каже кога мостот ќе биде пуштен во употреба.
– Сообраќајот е прекинат на неопределено време, посочи канадската полиција.
Едниот крак од новиот висечки мост над реката Напигон беше отворен за сообраќај во ноември 2015 година, вториот реба да биде пуштен во употреба во 2017-та.