Студентски лидери од Хонгконг лично ќе ги достават своите барања на властите во Пекинг

Од:

Студентски лидери од Хонгконг планираат утре да отпатуваат за Пекинг со цел да се сретнат со високи кинески службеници и да го достават барањата за повеќе права при изборот на следниот лидер на специјалниот административен регион.

Еисан Чун, член на студентска група што имаше главна улога во организирањето на уличните протести во Хонгконг пред два месеци, изјави дека тој и двајца негови колеги веќе имаат авионски билети за патувањето.

Ако групата добие дозвола за влез на територијата на континентална Кина, тие планираат да бараат прием кај премиерот Ли Кецијанг и други официјални лица.

Студентите веќе бараа од вториот човек во Владата на Хонг Конг, како и од поранешниот лидер Тун, да им биде договорена средба, но беа одбиени.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он