Студенти се судрија со полицијата во Лондон поради зголемување на таксите за образование

Од:

Во центарот на Лондон денеска дојде до улични судири со полицијата за време на протестниот марш на околу 5.000 студенти против зголемувањето на таксите за образование, пренесоа британските медиуми.

Стотици демонстранти успеаја да ги пробијат металните огради и да упаднат на плоштадот пред британскиот Парламент, каде си разменија тупаници со полицајците кои ја обезбедуваа зградата.

„Многумина од напаѓачите беа облечени во црно и на главите имаа качулки“, ја опиша сцената пред Парламентот електронското издание на весникот „Дејли телеграф“.

Од лондонската полициска управа информираа дека тројца негови припадници се здобиле со полесни повреди.

До попладневните часови немаше апсења.

Подоцна една група, која се отцепи од протестниот марш, го нападна кафулето „Старбакс“ и врз полицајците фрлаше столици од друг ресторан.

Денешниот марш е првиот студентски протест во Лондон по три години, забележаа британските медиуми.

Студентите се гневни на одлуката на конзервативната Влада на Дејвид Камерон за зголемување на таксите за настава.

Освен уличниот протест денеска студентски активисти на различни места низ земјата планираа да изведат бојкот на наставата и окупирање на универзитетските згради.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство