Каталонските студенти повикаа в четврток да се организира универзитетски штрајк, со кој се надеваат дека ќе извршат притисок врз регионалните власти да објават независност на Каталонија.
Движењето „Универзитети за републиката“ организира неколку штрајкови и протести во изминатиот месец, откако регионалната Влада на Каталонија и шпанските централни власти се конфронтираа поради референдумот за независност, кого шпанскиот Уставен суд го прогласи за незаконски.
„Универзитети за републиката“ соопшти дека штрајкот в четврток има за цел да ги повика властите во Барселона да прогласат создавање каталонска република и да ги заштитат нејзините институции.