Студенти на Харвард добиле заканувачки пораки

Од:

Стотици студенти од универзитетот Харвард во Кембриџ вчера добиле вознемирувачки пораки, во кои непознато лице им се заканува дека ќе дојде и ќе ги убие.

Како што пренесуваат медиумите студентите се шокирани, а полицијата се уште нема информации дали заканите се вистинити, но секако дека ќе го зголеми обезбедувањето околу универзитетскиот кампус.

Жителите на Бостон и околните места се претпазливи откако во 2013 година се случи бомбашки напад на учесници на маратон, при што настрадаа три лица, а 260 беа повредени.

Студентите беа евакуирани и во декември минатата година, откако вработените добиле дојава дека во просториите се наоѓа бомба. Полицијата утврди дека со бомба се заканувал студент, кој се обидувал да го избегне завршниот испит.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Студентите со апел до Владата и до МОН да го продолжат бесплатниот превоз за студентите

Горан Наумовски

Студентски отпор: Ако не се врати бесплатниот превоз веднаш, студентите ќе излезат на улиците

Горан Наумовски

ЈСП не им ги продолжува картите за бесплатен превоз на студентите

Катерина Ѓуровски

Студентите бараат информација дали и во 2025 година ќе има за нив бесплатен јавен превоз

(ВИДЕО) Студенти ја окупираа зградата на Ректоратот во Нови Сад

Од Македонија годишно заминуваат околу 2500 високообразувани кадри

Катерина Ѓуровски