Студент – силувач на 10 жени, ги наоѓа на социјалните мрежи и ги дрогира

Од:

Кинескиот државјанин Женхао Зоу, 28-годишен докторант по машинско инженерство во Лондон, е прогласен за виновен за силување на десет жени во Кина и Велика Британија.

Судот утврди дека меѓу жртвите има три жени од Лондон и седум од Кина, а злосторствата се извршени меѓу 2019 и 2023 година. Полицијата се сомнева дека Зоу нападна уште најмалку 50 жени.

Зоу е обвинет и за дрогирање на жртвите и снимање на нападите, кои подоцна ги чува како „сувенири“, а приватните предмети на жените што ги силува ги чува во кутија, пишува SkyNews.

Метрополитен полицијата го смета за еден од најголемите сексуални престапници во последните години и верува дека тој може да биде одговорен за многу други злосторства.

Иако се идентификувани две жртви, се уште се трага по уште осум жртви.

Освен за силување, Зоу е осуден и за воајеризам, поседување екстремен порнографски материјал, држење лице против нејзина волја и поседување на дрога што планирал да ја искористи за да ја силува жртвата.

На суд покажа минимална реакција по изрекувањето на пресудите.

Многу од жртвите се уште не се идентификувани, а казната ќе му биде изречена во јуни.

Би можело да ве интересира

Силувач излезе од затвор за викенд, уплати ливче и освои осум милиони евра

Британски полицаец две децении силувал и злоставувал жени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Апелација му ја намали казната на експолицаецот кој силуваше малолетници

Кристијан Ландов

Осуден силувач од струшко приведен и спроведен на робија

Жарко Настоски

Осудениот силувач Вајнштајн поради здравствени проблеми е пренесен во болница

Ландов