Студ ја закова цела Канада, од тихоокеанското до атлантското крајбрежје, а не остана поштеден ниту северниот дел на САД, објавуваат американските медиуми, повикувајќи се на метеоролошките служби.
Синоптичарите прогнозираат нови снежни врнежи во наредните денови.
Во Западна и Централна Канада термометрите денеска покажуваа темоературу меѓу -21 и -27 степени Целзиусови. На исток, кон атлантското крајбрежје на земјата е малку потопло, каде е „само 20 степени под нулата.
На запад, на тихоокеанското крајбрежје на Канада, вообичаено не е погодено од силниот студ, кој го има во внатрешните провинции.
Термометрите во Ванкувер денеска покажуваа минус 7 степени, иако вообичаено за овој период на годината е да се искачат до шестиот степен над нулата.
Студеното време го зафати и северниот дел на Соединетите американски држави.
Канадските метеоролози очекуваат остра зима во јануари и февруари. Минатата година таа беше релативно мека поради топлото климатско влијание на Ел Нињо во Пацификот, потсетуваат метеоролозите.