Стуб: Прекин на огнот во Украина е малку веројатен пред пролетта следната година

Од:

Примирје во Украина е малку веројатно пред пролетта следната година, а европските сојузници мора да продолжат да ја поддржуваат земјата и покрај корупцискиот скандал што го зафати Киев, изјави денес финскиот претседател Александар Стуб.

Во разговор за АП во воена база северно од Хелсинки, Стуб рече дека на Европа ќе ѝ треба „сису“, фински збор што значи издржливост, отпорност и храброст, за да ги преброди зимските месеци додека Русија продолжува со своите хибридни напади и информациска војна низ целиот континент.

Тој рече дека го користи својот добар однос со американскиот претседател Доналд Трамп, со кого редовно разговара и повремено игра голф, за да се залага за Украина.

Би можело да ве интересира

Медведев: Пронајдени се докази за производство на компоненти за биолошко оружје во Украина

Буданов: Не можеме да си дозволиме да ги запреме нападите додека трае војната

Руте: Членството на Украина во НАТО повеќе не се разгледува

Путин нареди прекин на огнот за Велигден

Украина: Руските сателити му помогнаа на Иран да избере цели на Блискиот Исток

Украинците тврдат дека вратиле 480 квадратни километри територија

А1он