Строс-Кан се договори со собарката

Од:

Поранешниот директор на ММФ Доминик Строс-Кан и собарката од хотелот „Софител“ во Њујорк, која го обвини за сексуално злоставување, постигнале согласност за решавање на спорот со финансиски договор, пишува весникот „Њујорк тајмс“.

Строс-Кан и Нафисату Диало мирно се договориле за параметрите на финансискиот договор, кој треба да биде потпишан. Засега не се знае за колкава сума станува збор.

Криминалните обвиненија против Строс-Кан беа повлечени минатата година, но граѓанската процедура не беше прекината. Триесет и три годишната Диало, која е по потекло од Гвинеја, започна граѓански судски процес на 8 август 2011 година со цел да добие финансиска отштета за причинета штета. Таа го обвинува Строс-Кан дека ја принудувал на орален секс. Поранешниот шеф на ММФ тврди дека имал краток сексуален контакт со Гвинејката, но демантира дека ја присилувал.

Би можело да ве интересира

Украина доби 1,1 милијарда долари од ММФ

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

ММФ: Војната во Украина продолжува да предизвикува загуби, ќе трае најмалку уште една година

Горан Наумовски

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА