Строга контрола на храната низ Европа

Од:

Скандалите во прехрамбената индустија во Европа го наметнаа прашањето за контролите при производството на храната. Неопходно е политичарите да презема одговорност, порачаа потрошувачите.

Европската унија подготвува закон за построга контрола при продажба на генетски модифицирана храна.

Апетитот на потрошувачите во Европа се намалува, а репутацијата на прехрамбената индустрија е нарушена, по низа скандали со коњското месо, лажните органски јајца, афлатоксинот во млеко и пченка.

Потрошувачите бараат политичарите да останат на страна, а да се зголемат контролите за храна, на нејзиниот долг пат од произведувачот, преку продавачот до потрошувачот.

-Ова покажува колку измамата стана вообичаена во производството на храна во Европа. Недостатокот на контролите е систематски, до таа мерка што стана закана за здравите луѓе, тоа е срамно – изјави технолог по храна, Тим Ланг.

Експертите велат дека одговорност не е само кај произведувачите кои користат ефтини суровини, туку и кај потрошувачите кои очекуваат храната да не биде скапа.

-Контролата во компаниите кои продизведуваат храна не е доволна. Постои и слаба комуникација со доставувачите – изјави Барбара Стокинг од „Оксфама“.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина