Стравот од индискиот сој го продолжи локдаунот во Мелбурн

Од:

Иако австралиската сојузна држава Викторија од воведувањето на локдаунот дневно бележи по едноцифрен број новозаразени лица, официјалните претставници стравуваат дека новиот сој на коронавирусот во последното жариште може да се прошири и со минимален контакт.

Државата Викторија денеска, втора недела по ред, го продолжи локдаунот во Мелбурн, со цел да се спречи ширењето на многу заразниот индиски сој на коронавирусот, но ќе ги ублажи ограничувачките мерки во другите региони, пренесуваат агенциите.

Оваа втора најнаселена држава во Австралија блокадата ја почна минатиот четврток и таа требаше да трае до 3 јуни, откако беше регистриран првиот случај во последните три месеци на локално пренесување на коронавирусот, јавија британските медиуми.

Но, бројот на инфекции постепено се зголемуваше, а бројот на контакти за следење достигна неколку илјади.

-Ако ги оставиме работите да одат сами по својот пат, тогаш тие ќе излезат од контрола. Овој вид ќе биде надвор од контрола и луѓето ќе умираат. Никој не сака да ни се повтори минатата зима, изјави вршителот на должноста премиер на Викторија, Џејмс Мерлино, потсетувајќи на еден од најдолгите и најостри локдауни во државата за време на вториот бран на коронавирусот. Тогаш умреа повеќе од 800 луѓе, што претставува 90 проценти од сите смртни случаи на Ковид-19 во Австралија од почетокот на пандемијата.

Брзото воведување рестриктивни мерки, регионалните гранични контроли и социјалното дистанцирање и помогнаа на Австралија да ги задуши претходните избувнувања на локалните жаришта и да одржи релативно мал број на заразени – околу 30.100, со 910 лица умрени.

Би можело да ве интересира

Австралија воведува петта доза од вакцината против Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Брод за крстарење закотвен во Сиднеј со 800 патници заразени со коронавирус

Горан Наумовски

ВИДЕО: Снимки од емотивни семејни средби на аеродром, Австралија конечно ги отвори границите

Катерина Ѓуровски

По речиси две години, Австралија отвора граници за вакцинирани туристи

Катерина Ѓуровски

Рекорден број новозаразени со Ковид во две австралиски држави

Скандалот во Австралија се шири: Повеќе од 800 луѓе добиле погрешни резултати од тест за корона