Странец и локален жител убиени во самоубиствен напад во Кабул

Од:

Странец и локален жител се убиени денеска во напад врз приватен комплекс во главниот град на Авагнистан Кабул, соопшти локалната полиција.

Двете жртви работеле за странска организација. Националноста на убиениот странец и името на организацијата не се објавени.

Тројца бомбаши самоубијци нападнаа приватен комплекс во близина на зградата на Парламентот. Во комплексот биле сместени Европејци што работат за авганистанските власти.

Авганистанските сили за безбедност брзо распоредиле единици на местото и по неколкучасовна престрелка напаѓачите се убиени. Во операцијата се спасени шест лица.

Одговорност за нападот преземаа талибанците. Според портпаролот на талибанците во комплексот била сместена тајна христијанска мисија.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски