Странците од ЕУ ќе плаќаат здравствени услуги во Британија

Од:

Странците и оние кои доаѓаат во Британија од земјите на ЕУ, во иднина ќе мора претходно да платат за да ги користат услугите на јавното здравство, откриваат лондонските весници, повикувајќи за на подготвената „Бела книга“ на британската влада.

Станува збор за неургентното лекување, затоа што се смета дека тоа во досегашната пракса за бесплатно користење на здравствените услуги било најмногу злоупотребувано за т.н. „здравствен туризам“ на Европејците и на другите странци кои ги користеле одредбите на отворените граници на ЕУ и на нејзината прокламирана заедничка политика .

Владата во Лондон проценува дека „здравствениот туризам“ – да се престојува во Британија за да се лекува и да се преземаат посеопфатни здравствени третмани- му создава големи загуби на домашното здравство (НХС).

Тоа според британските толкувања во основа значи изигрување на одредбите и принциптите на ЕУ.

Лондонските антиевропски медиуми го поздравуваат најавеното владино решение, како затворање на „славината“ за одлив на парите за европските осигуреници, преку кое е создавана можноста за останување во Британија, но борбата со „здравствениот туризам“ не е ништо ново во британската политика.

Уште во времето на последната лабуристичка влада, блокирањето на здравствениот туризам беше посочувано како една од мерките за запирање на напливот од мигранти, а со него посебно се занимаваше уште првата влада на поранешниот премиер Дејвид Камерон.

Борбата против „здравствениот туризам“ беше еден од мотивите на втората влада на Камерон да го покрене прашањето на иднината на односите на Британија со ЕУ и за подоцнежната негова одлука за распишување референдум за „воспоставувањето контрола врз границите и имиграцијата и за повлекувањето на веќе пренесените овластувања“ на Европската комисија и на ЕУ.

Брисел и земјите од ЕУ ги отфрлаа обвинувањата на Лондон, како „предимензионирани“ и како начин за додворување на британските гласачи, посебно од десницата, што не значи дека немало такви случаи и дека не бил злоупотребуван системот за здравствена заштита во Унијата.

Голем број Британци, меѓутоа, исто така се лекуваат во странство, во соедните земји на ЕУ, посебно во Франција, Шпанија и Белгија.

Најголемиот број Британци од југот на земјата за неургентни потреби ги користат услугите на француските забари, кои се многу поевтини и најчесто бесплатни за државјаните на ЕУ.

Британски семејства кои имаат свои куќи на француската страна, целата своја здравствена заштита ја имаат префрлено во Франција, затоа што тамошните услуги се бесплатни, за разлика од оние во Британија.

Тоа посебно се однесува и за десетината илјади Британци кои постојано или повремено живеат во Шпанија, каде имаат свој имот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1