Стотина турски офицери од НАТО побарале азил во Белгија

Од:

По неиспешниот обид за преврат во Турција, во јули минатата година, стотина турски офицери од структурите на НАТО побарале азил во Белгија за себе и за своите семејства, јавуваат локалните белгиски медиуми.

Офицерите се обвинети за тероризам, сменети се од работните задачи и не смеат да се вратат дома.

Од доскорошниот турски состав во структурите на НАТО во Белгија 19 офицери се вратиле во Турција и сите биле затворени, а некои од нив биле дури подложени и на мачење.

Од 53 турски офицери од седиштето на НАТО во Брисел, 42 биле сменети. Од стотината турски претставници во Врховната команда на НАТО во Монс 80 ја загубиле својата работа. Вкупно 450 од 600 турски воени офицери во НАТО биле ослободени од должностите, а во оваа бројка спаѓаат и доскорошните службеници во базите „Рамштајн“ во Германија, „Норфолк“ во САД и Неапол  во Италија.

Би можело да ве интересира

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година

Зеленски: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година

Шефот на НАТО: ЕУ и САД треба да го поделат товарот на помошта за Украина

А1он

САД: Мала е можноста Украина да влезе во НАТО или да добие нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Зеленски: Ако не можеме да влеземе во НАТО, тогаш дајте ни нуклеарно оружје