Стотици вооружени полицајци распоредени околу главните туристички атракции во Париз

Од:

Стотици вооружени полицајци се распоредени околу главните туристички атракции во Париз, поради притокот на криминални групи од Источна Европа, пишува британскиот весник „Дејли мејл“.

Мерката следи по соопштенијата за зголемен број на питачи и џепчии во Париз од Романија и Бугарија. Наскоро граѓаните на овие две држави ќе имаат неограничен пристап во Велика Британија, посочува „Дејли мејл“.

Во Лувр веќе има 20 постојано распоредени униформирани полицајци, кои патролираат по галериите. Петмина од нив се поставени на влезот.

Вакви патроли има околу катедралата Нотр Дам, црквата Сакр кер, Ајфеловата кула, центарот Помпиду и дури во Версајскиот дворец, западно од Париз.

Ромски џепчии, од кои многу деца, кои се движат по групи, веќе можат да се видат од цел Париз.

Пред две години францускиот министер за внатрешни работи Клод Геан изјави дека голем број од уличните грабежи во Париз се извршуваат од ромски имигранти од Романија и Бугарија.

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина