Стотици товарни камиони ги блокираа патиштата во Бразил, со барање за оставка на Русеф

Од:

Стотици возачи на товарни камиони вчера го блокираа движењето по автопатиштата во 12 од 26 сојузни држави на Бразил, јави ТАСС.

Учесниците во протестот упатија кон Владата барање за зголемување на платите, намалување на цената на горивото и оставка на претседателката Дилма Русеф.

Протестите беа организирани од општественото движење Национално управување на транспортот преку социјалните мрежи.

– Ние сме аполитични, се бориме за спасување на земјата, а тоа е можно само со оставка на Дилма Русеф, без разлика дали тоа ќе го стори доброволно или преку импичмент, изјави Фабио Роки, еден од лидерите на организацијата.

Синдикатите на транспортните работници не го поддржаа протестот.

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски