Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

Од:

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан, денеска се вратија во нивните домови на првиот ден од репатријацијата организирана од Бејрут, додека здруженијата за човекови права изразуваат загриженост дека шемата може да вклучува присилни елементи.

Либанските власти тврдат дека репатријациите, во рамките на обновената програма координирана од државната агенција за општа безбедност, се доброволни.

Но, додека првите линии на фронтот во 11-годишната војна во Сирија се главно мирни, Обединетите нации сметаат дека поради разгорување на насилството и ризикот од притвор, земјата сè уште не е безбедна за враќање од големи размери.

Во Либан живеат над 800.000 Сиријци регистрирани во агенцијата за бегалци на Обединетите нации.

Тие избегаа од насилството по протестите против сирискиот претседател Башар ал-Асад во 2011 година. Во екот на бегалскиот бран, Либан прими околу 1,2 милиони луѓе.

Агенцијата за општа безбедност во 2018 година почна механизам со што секој сириски бегалец може да сигнализира за желба да се врати дома, да се поврзи со сириските власти со цел да се увери оти тоа лице не е непожелно таму.

По тој пат, дома требаше да се вратат околу 400.000 Сиријци. Но, пандемијата од Ковид-19 ја стави одлуката во мирување. Либанскиот претседател во заминување Мишел Аун месецов ја обнови програмата за враќање.

Голем дел од Сирија и понатаму е во урнатини, со уништени приватни куќи и јавна инфраструктура, но и снабдувањето со струја и вода.

Амнести интернешнал предупреди дека бегалците кои се враќаат дома можеби немаат точни или целосни информации за нивото на ризик во нивните родни места.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение