Стотици луѓе се собраа на молитва пред катедралата Нотр Дам

Од:

Стотици луѓе се собраа синоќа на молитва во близина на катедралата Нотр Дам во Париз, во која пред два дена изби катастрофален пожар.

Парижани прошетаа носејќи свеќи и пеејќи верски песни од црквата Сен Суплис.

Народот му се придружи на еден мал оркестар кој свирел пред статуата на Дева Марија.

Организаторите на собирот изјавија дека на овој начин сакаат да покажат колку им значи катедралата.

Пожарот во Нотр Дам во Париз изби во понеделникот доцна попладнето, кога катедралата е затворена за јавност. Во гаснењето на огнот учествуваа 400 пожарникари. По девет часа борба со пламените јазици, рано утрото околу три часот, француските пожарникари го ставија пожарот под контрола, кој е целосно изгаснат неколку часа подоцна.

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова не замина на отворањето на Нотр Дам во Париз поради дефект на владиниот авион

Макрон утре ќе го прими Трамп, а потоа и Зеленски пред отворањето на Нотр Дам

А1он

Нотр Дам повторно отворен за посетители – пет години по големиот пожар

А1он

Завршени градежните зафати врз катедралата Нотр-Дам, за некој месец почнува реставрацијата

A1on

Катедралата Нотр Дам ќе биде отворена во 2024 година

Концерт на Бадник во Нотр Дам

Ана Ололовска