Стотици летови се откажани во Германија поради снежната бура „Гертруда“

Од:

Стотици летови низ Германија денеска се откажани поради екстремните временски услови кои ја придружуваат снежната бура „Гертруда“, а на патниците им се препорачува да го проверат статусот на летот пред да се упатат кон аеродромот.

Најпогоден е аеродромот во Франкфурт, каде се откажани 570 од 1.047 летови.

„Поради најавените временски услови, на 17 јануари ќе има откажувања на летови на аеродромот во Франкфурт, што се очекува и на 18 јануари“, се вели во соопштението на портпаролот на аеродромот во Франкфурт.

Погоден е и аеродромот во Минхен каде се откажани 254 летови.

На западот на Германија денеска беше затворен аеродромот Забрикен, а доцнења и откажувања на летови се забележани и на аеродромите во Дизелдорф и Келн.

Откажувањата се очекува најмногу да ја погодат Луфтханза, која има свои бази на аеродромите во Франкфурт и Минхен.

Поради екстремните временски услови, во прекин беше и железничкиот сообраќај во Германија, а државниот оператор Дојче Бан предупреди на доцнење и откажување.

Компанијата откажа неколку меѓуградски линии и објави дека максималната брзина на возовите е ограничена на 200 километри на час.

Локалните власти претходно соопштија дека невремето однело и жртва кога 86-годишен маж загинал во вторникот вечерта, откако бил удрен од автомобил додека го чистел снегот од тротоар, а една жена која возела се здобила со полесни повреди.

Би можело да ве интересира

Страшна снежна бура уништи се пред себе, најмалку 9 лица загинаа на југот на САД

Речиси милион луѓе ширум Америка без струја поради зимската бура

Големо снежно невреме ги затвори училиштата и ги приземји летовите во САД

(ВИДЕО) Ледена бура во САД, температури до -43°C, хаос на патиштата, има мртви

Горан Наумовски

Снегот и невремето создаваат хаос низ Европа, илјадници луѓе без струја, селата отсечени…

Повеќе од 60 луѓе загинаа во зимската бура во Америка