Големо снежно невреме ги затвори училиштата и ги приземји летовите во САД

Од:

Голема зимска бура денеска го зафати горниот дел од Среден Запад на САД со силни ветрови и снег, што предизвика затворање на стотици училишта и големи проблеми по патиштата и авионскиот сообраќај.

Зимско временско предупредување беше издадено за повеќе од 50 милиони Американци утринава, бидејќи бурата се движеше низ западните и северните делови на САД, а потоа кон исток, објави Ројтерс.

Утре во текот на денот на места се очекуваат и до 60 сантиметри снег и брзина на ветер до 97 километри на час, соопшти Националната метеоролошка служба.

Невремето ја погоди и Калифорнија и донесе мешавина од снег и лапавица на исток, вклучувајќи ја и Нова Англија, каде синоптичарите ги предупредија возачите да внимаваат на лизгави патишта.

Патиштата покриени со снег го направија патувањето опасно во горниот дел на Среден Запад, а далноводите покриени со мраз и соборените дрвја може да доведат до прекин на електричната енергија доцна денес и утре, соопшти Центарот за предвидување на времето на метеоролошката служба во Колеџ Парк.

Би можело да ве интересира

Стотици летови се откажани во Германија поради снежната бура „Гертруда“

Страшна снежна бура уништи се пред себе, најмалку 9 лица загинаа на југот на САД

Речиси милион луѓе ширум Америка без струја поради зимската бура

(ВИДЕО) Ледена бура во САД, температури до -43°C, хаос на патиштата, има мртви

Горан Наумовски

Снегот и невремето создаваат хаос низ Европа, илјадници луѓе без струја, селата отсечени…

Повеќе од 60 луѓе загинаа во зимската бура во Америка