Стотици илјади луѓе на протести во Бразил поради корупција во Владата и висока инфлација

Од:

Стотици илјади Бразилци излегоа синоќа на улица во знак на протест поради корупција во Владата и економската ситуација во државата, само еден месец откако на слични демонстрации излегона повеќе од милион луѓе.

Извикувајќи – „Дилма надвор“ и „Корумпирана Влада“ – демонстрантите бараа оставка од претседателката Дилма Русеф.

Според полицијата во протестите имало околу 600 илјади демонстранти во 100 градови.

Демонстрантите протестираа и поради се повисоката инфлација. Организаторите тврдат дека во демонстрациите учествувале околу милион луѓе. На протестите на 15 март на улици излегоа најмалку 1,7 милиони луѓе.

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски