Столтенберг: Војната во Украина може да стане војна меѓу Русија и НАТО

Од:

Јенс Столтенберг, генералниот секретар на воената алијанса, денеска предупреди дека борбите во Украина би можеле да излезат од контрола – и да станат војна меѓу Русија и НАТО. „Ако работите тргнат наопаку, може да тргнат ужасно наопаку“, рече тој.

„Ова е ужасна војна во Украина. Тоа е, исто така, војна која може да стане војна која ќе се прошири во голема пресметка меѓу НАТО и Русија. Ние секој ден работиме да го избегнеме тоа“, додаде тој.

Столтенберг вели дека нема сомнеж дека „е можна војна во целосен обем“ и дека е важно да се избегне конфликт „кој вклучува повеќе земји во Европа“.

Кремљ ги обвини сојузниците од НАТО дека ефективно станале страна во конфликтот со снабдување на Украина со оружје, обука на нејзините војници и обезбедување воено разузнавање за напад на руските сили. Владимир Путин посочи дека Москва би можела да размисли за користење на она што тој го опиша како „американски концепт за превентивен напад“.

Би можело да ве интересира

Украина потврди дека е пред договор со САД за минералите

ВИДЕО: Македонија е коспонзор на резолуцијата на САД за Украина, ЕУ поднесува своја

Катерина Ѓуровски

Кој повеќе и помогнал на Украина, САД или Европа – што покажуваат бројките

Катерина Ѓуровски

Oблачно со услови за дожд

Здружението „Лесја Украинка“ со марш во центарот на Скопје ја опдбележа третата годишнина од руската инвазија врз Украина

ВИДЕО: „Три години херојски отпор“, Зеленски објави порака на годишнината од војната