Столтенберг во посета на Турција

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ќе престојува во Турција, каде ќе има средби со претседателот Реџеп Тајип Ердоган и министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

Турското МНР вчера соопшти дека тема на разговорите на Столтенберг ќе бидат серија прашања кои се на агендата на НАТО. Посетата на генералниот секретар на Алијансата беше закажана пред Турција да ја почне воената интервенција во северна Сирија против курдските борци од редовите на Сириските демократски сили.

Турција во средата ја почна воената операција „Извор на мирот“, источно од реката Еуфрат во северниот дел на Сирија со цел да ја обезбеди својата граница преку, како што тврди Анкара, елиминација на терористички елементи.

Турската инвазија наиде на осуда од меѓународната заедница, а Обединети нации и Арапска лига одржуваат вонредни состаноци.

Би можело да ве интересира

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година

Зеленски: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година

Шефот на НАТО: ЕУ и САД треба да го поделат товарот на помошта за Украина

А1он

САД: Мала е можноста Украина да влезе во НАТО или да добие нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Зеленски: Ако не можеме да влеземе во НАТО, тогаш дајте ни нуклеарно оружје