Столтенберг во ненајавена посета на Кабул

Од:

Во ненајавена посета на Кабул утрово пристигна генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, соопштија од Алијансата.

Столтенберг и високата делегација на Алијансата ќе се сретнат со авганистанскиот претседател Ашраф Гани и со командантот на меѓународните сили во Авганистан, генералот Остин Милер.

Посетата на Столтенберг доаѓа откако талибанските милитанти ги засилија нападите врз авганистанските безбедносни сили низ целата земја, што резултираше со голем број жртви дневно.

Би можело да ве интересира

НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

NBC: Трамп може да ги брани само членките на НАТО само ако трошат повеќе за одбраната

Мелони: Праведен мир во Украина е можен само ако НАТО им даде гаранција за безбедност

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО