Обуката на украинските пилоти за управување со американските борбени авиони Ф-16 не го прави НАТО страна во конфликтот.Ова денеска во Брисел го изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
„Украина има право на самоодбрана… Ние и помагаме на Украина да се придржува до тоа право“, изјави Столтенберг пред новинарите, пренесе Ројтерс.
Столтенберг истакна дека одлуката за обука е важен чекор што ќе бара „во одредена фаза“ борбени авиони да и бидат испорачани на Украина.