Столтенберг: Рускиот напад врз Украина доведе до најголемата безбедносна криза од Втората светска војна

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во интервју за српскиот весник Курир изјави дека рускиот напад врз Украина доведе до најголемата безбедносна криза во Европа од Втората светска војна.

Тој нагласи дека Русија намерно ја влошила кризата со храна и енергија, која „погодува милијарди луѓе ширум светот“.

Столтенберг најави дека сојузниците од НАТО ќе продолжат да ја поддржуваат Украина, воено и финансиски.

Долгорочно, ќе и помогнеме на Украина да премине од опрема од советската ера на модерна опрема на НАТО, да ја подобри интероперабилноста и дополнително да ги зајакне нејзините одбранбени и безбедносни институции, истакна Столтенберг.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Одлуката за гласањето на Македонија во Њујорк беше неочекувана, вели францускиот амбасадор

Катерина Ѓуровски

Нов состанок на Русите и Американците утре во Истанбул

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија го нападна Киев, погодена станбена населба

ВИДЕО: Украина со дронови ја нападна најголемата руска рафинерија на Црното Море

ВИДЕО: Детали од клучниот договор меѓу Украина и САД

Катерина Ѓуровски

Украина потврди дека е пред договор со САД за минералите