Столтенберг: Путин направи неколку големи грешки

Од:

Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, за медиумите за време на неговата посета на Обединетото Кралство изјави дека Путин направил грешка кога наредил воен напад врз Украина.

„Претседателот Путин направи неколку големи грешки кога ја нападна Украина, стратешки грешки“, изјави Столтенберг за новинарите собрани пред домот на британскиот премиер во Даунинг стрит.

Столтенберг тврди дека првата грешка била потценувањето на храброста на Украинците и нивната посветеност да се борат и да ја заштитат својата земја.

Тој го наведе потценувањето на способноста на членките на НАТО да и дадат силна поддршка на Украина како втора грешка на Путин.

Тој нагласи дека поддршката за Украина ќе продолжи, без разлика што има и такви кои не се согласуваат со продолжување на помагањето на Украина.

„Она што го видовме е дека сојузниците и партнерите на НАТО и дадоа поддршка без преседан на Украина. И она што го гледаме кога ќе ги погледнете анкетите, политичките пораки од различни земји-сојузници на НАТО, е дека сме подготвени да продолжиме да даваме поддршка сè додека неопходно“, заклучи тој.

Би можело да ве интересира

Одлуката за гласањето на Македонија во Њујорк беше неочекувана, вели францускиот амбасадор

Катерина Ѓуровски

Нов состанок на Русите и Американците утре во Истанбул

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија го нападна Киев, погодена станбена населба

ВИДЕО: Украина со дронови ја нападна најголемата руска рафинерија на Црното Море

ВИДЕО: Детали од клучниот договор меѓу Украина и САД

Катерина Ѓуровски

Украина потврди дека е пред договор со САД за минералите